На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам

Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос не беа регистрирани силни земјотреси, со исклучок на еден од 4,1 степен, иако серијата на помали потреси продолжи, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово изрази умерен оптимизам дека ситуацијата не води кон најлошото сценарио, јави дописничката на МИА од Атина.
Во период од 12 часа, односно од полноќ до точно напладне состојбата беше значително помирна во споредба со изминатите денови, со само два земјотреси од над четири степени, односно 4,1 претпладнево и еден со иста јачина кусо пред 3.30 часот.
Грчкиот премиер во неговиот седмичен преглед на настани што секоја недела го објавува на Фејсбук, денеска се осврна и на земјотресите на Санторини.
– Само бројката, над 7.700 земјотреси, го оправдува стравот и немирот. Завчера бев на Санторини и би сакал и сега да ја изразам мојата поддршка, како и на целата Влада за жителите кои ја живеат оваа тешка ситуација. Ве разбираме и сме покрај вас. Сакам да апелирам да останете смирени. Експертите кои постојано ја следат појавата и сакам да нагласам дека имаме одлични научници, ни даваат причини да бидеме малку пооптимисти како одминуваат деновите. Никој не може да предвиди со апсолутна сигурност, но постои воздржан оптимизам дека нема да бидеме доведени до најлошото сценарио, напиша Мицотакис.
Додаде дека Владата има одговорност „брзо и координирано да ги преземе сите неопходни превентивни мерки за да создаде безбедносна мрежа за жителите на островите“ и да биде подготвена да одговори на секое сценарио.
Училиштата на четири грчки острови, на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите ќе останат затворени и следната седмица со одлука членовите на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција за време на нивниот вчерашен состанок.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
