Обвинителен акт за свирепо убиство во Гостивар
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точки 1 и 2 од Кривичниот законик.
На 09.09.2020 година, обвинетиот 67-годишник, при вршење семејно насилство во својот дом во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга.
Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден тој со секира во рацете влегол во дневната соба каде седела сопругата и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот. Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото.
Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот