Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
Основното јавно обвинителство Штип поднело обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во текот на истрагата се обезбедиле докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.
- Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица, се појаснува во соопштението.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд
-
Јапонската полиција уапси студентка поради напад со чекан на универзитет во Токио
-
Фатен бегалец од затвор осуден на казна од 23 години