Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух
Министерството за животна средина го вклучи црвениот аларм, откако Скопје со денови не падна од листата на најзагадни градови во светот. Институциите не поднесувале извештаи за спроведени активности од акцискиот план за 24/25 година. Па поради ваквата ситуација, властите ги заоструваат мерките и ги мобилизираат инволвираните. Сите кои се вклучени во процесот, секоја недела се задолжени да поднесуваат извештаи за состојбите со воздухот.
На состанокот беа присутни и од ЗЕЛС. Оттаму ги потсетиле градоначалниците да си направат акциски планови за справување со загадениот воздух и редовно да известуваат за резултатите.
Дури и да се има желба за промени, нема доволно квалификуван кадар за нивно спроведување. Има 15 инспектори во цела Македонија за животна средина. Со ваквата бројка, би било практично невозможно да се спроведе вонреден инспекциски надзор во две градилишта истовремено, земајќи го во предвид фактот дека потребни се часови за да се направи квалитетна контрола. Ане Лашковска, заменик-минситерка за животна средина и просторно планирање треба законски измени.
И додека властите бараат решение како да се намали нивото на токсични материи во воздухот, кој стана секојдневие за скопјани, граѓаните седат дома. Не излегуваат ако немаат потреба. Во меѓувреме, прекинат е прагот на алармирање во Струмица. Среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг. Но, сепак постојат реални услови за појава на епизоди на високи концентрации на загадувачки суптанции во воздухот во следниот период.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар