Обуки за интегрирано управување со случаи во системот на социјална заштита
Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување во партнерство со УНИЦЕФ и УНДП денеска почнаа со интензивни обуки за интегрирано управување со случаи.
- Ова значи дека едно стручно лице ќе управува со случајот и ќе има обврска да го следи семејството. На овој начин, социјалниот работник многу подобро ќе ги знае состојбите во семејството, ќе го следи нивниот напредок, но и проблемите во секојдневнието. Ова дирекно ќе влијае на превенција од многу потенцијални ризици, но и ќе придонесе кон побрзо извлекување на семејствата од ризик со нивна активација на пазарот на труд, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
Оттаму информираат дека работат на јакнење на капацитетите на стручните работници во системот и оти во тек се огласи за вработување на нови 138 лица.
- Интегрираното водење случаи отвара можност за поголема поддршка на корисниците, а со тоа и подобри резултати во работењето, се вели во изјавата на заменик-директорот на Агенцијата за вработување Арбен Зибери.
Според претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс, водењето предмети може да има огромен позитивен потенцијал во сите аспекти на социјалната работа и во посредувањето при вработување.
- Ја подржуваме оваа клучна промена во начинот на кој корисниците се поврзуваат со најсоодветната услуга, со цел семејствата и децата да имаат квалитетен и исполнет живот, потенцира Перкс.
Во наредните месеци сите стручни работници од центрите за социјална работа и 30 отсто од вработените во Агенцијата за вработување ќе поминат обуки за интегрирано управување со случаи, како дел од подготовките за имплементација на новиот закон за социјална заштита.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот
-
Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – Дехари свесно направил депонија во градот