Обука за промоција на хумани врендности во Крива Паланка
Стотина млади од основните училишта од Крива Паланка и Ранковце на работилница за дисеминација за значењето на Црвен крст се запознаа со проектот „Промоција на хумани вредности“ кој има за цел да ја поттикне самоиницијативноста кај младите за создавање добри дела за општо добро на заедницата.

-Осумнаесет години по ред проектот ПХВ ги запознава младите во Македонија со значењето, целите и задачите на организацијата на Црвен крст, потенцирајќи ја и едукативната компонента со која се пренесуваат истите, но и се прават проекти и настани од хуман карактер за општо добро на заедницата. Во таа насока, учениците денес имаа можност да научат како сами да изготват мали и поголеми проекти со мисија да се помогне и усреќи, изјави Борис Стојановски, национален ПХВ инструктор при Црвен Крст на РМ.
Ваквите обуки на кои се шири мисијата на најголемото хумано семејство во светот придонесуваат голем број од учениците да останат активни волонтери во Црвениот крст и да се вклучат со активните знаење во сите активности со кои проективно дејствувајќи се прават добри дела.
-Целта на програмата е да ги поттикне да креираат знаење и да ги будат своите вештини, станувајќи свесни за сопствените ресурси. Така, тие би направиле активна промена во нивнито живот, подобрување на квалитетот и на нивнито живот и на средината во коај живеат, истакна Ивана Маринчек, национален инструктор за промоција на хумани вреднсоти.
Со ова, рече, се постигнува со пренесување активни знаења и промоција на културата како систем од вредности.
-За жал, искуството покажува дека младите на возраст до 14 до 18 години се многу пасивни, со рутинирани активности и многу мал процент општествено полезна работа. Со активностите од ПХВ проектите, во кој се вклучени 30-тина инструктори на територијата на цела држава, се поттикнуваат младинците да ги поместат границите на сопствените можности и да станат свесни за сопствените капацитети, додаде Маринчек.
На годишно ниво, ПХВ програмата која се работи на национално ниво, активира околу 1.200 ладинци годишно, кои создаваат по 200 малечки рпоекти со кои се опфатени 4.000 лица од ранливи категории од Македонија. Со такви проекти изградени биле и куќа на семејства во социјален ризик од Битола и Дебар.
Ново на Сител
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
