Обнова на 30 улици во Ѓорче Петров кои беа оштетени од поплавите
Започна асфалтирањето на улиците во општината Ѓорче Петров кои беа уништени од поплавите. Преку 30 улици и патишта ќе се реконструираат во оваа општина, изјави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловси.
Со градоначалникот Сокол Митровски и директорот за Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов денеска извршија увид во реконструкцијата на улицата „84’ која беше уништена од поплавите што се случија во август оваа година.
- Како што ветивме целосно ќе ги реконструираме сите патишта и улици што беа уништени од поплавите. Денеска сме во општината Ѓорче Петров каде продолжуваме со реконструкција и асфалтирање на улиците. Сакам да потенцирам дека само во Ѓорче Петров ќе се реконструираат преку триесетина патишта за што веќе се обезбедени средствата. Дополнително преку буџетот на Министерството за транспорт за оваа општина обезбедивме 15 милиони денари. Континуирано работиме и на реконструкција на останатите патишта во другите скопски општини кои беа погодени и уништени од поплавите, изјави Мисајловски.
Владата неодамна ги зголеми средствата за дополнителни 6,2 милиони евра преку програмата за оддржување на патиштата на Јавното претпријатие Македонија пат за да може што побрзо се санираат оштетените патишта.
При посетата на општина Ѓорче Петров, министерот изврши увид и во активностите за доизградба на канализациската мрежа за населените места Волково, Кисела Јабука и Стопански Двор. Тоа, како што потенцира, е еден од најзначајните проекти што се реализираат во тие места. - Ќе се гради канализација од 22 километри, а инвестицијата е во вредност над 500 илјади евра, потенцираше Мисајловски.
Во претходните години за изградба на оваа канализација беа издвоени 1,4 милиони евра, сега со овој проект според Мисајловски ќе се изврши комплетирање на целиот проект.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци