Облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 9, а максималните ќе достигнат од 9 до 15 степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со слаба магла и со повремен слаб дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 5, а максималните ќе достигнат до 10 степени.
Од УХМР информираат дека до петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Значителна промена на времето ќе има во сабота кога ќе има пообилни врнежи од дожд, а попладне ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од пониските места. Ќе дува засилен северен ветер и температурите позначително ќе опаднат.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик