Облачно со локален пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), грмежи и силен ветер (над 70 километри на час).
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во следните денови ќе се задржи променливото облачно време со повремен локален дожд. Во сабота ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено со - 5, Охрид, Виница и Гевгелија измерени 4 степени
-
Трамп: Испишавме историја
-
САД/Избори: На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи на претседателските избори
-
Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен
-
Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“
-
Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда
-
Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
-
Седници на две собраниски комисии