Облачно со дожд, од утре сончево и потопло
Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2). Во попладневните и ноќтите часови поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места претежно во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, слично време со повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Синоптичарите, од утре најавуваат период на стабилно, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај