Облачно со дожд, на планините снег
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот, температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места, помала снежна покривка.
Како што соопшти УХМР, ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен, над 70 километри на час северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од пет до 9, а максималната од шест до 13 степени.
Во Скопје ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до седум степени.
В недела претпладне ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, над 70 километри на час и наместа ќе провејува слаб снег. В понеделник утрото ќе биде ведро и многу студено, а нови врнежи се очекуваат во вторник. Температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.
Ново на Сител
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“