Облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
УХМР информира дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. В петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а в понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 километри на час.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ
-

Ден на револуционерната борба
-

Герасимовски со итни мерки од кризниот штаб за справување со ѓубрето во Центар, се мобилизираат и другите општини
-

Состојбата со сметот во Скопје е алармантна за здравјето на сите граѓани предупредуваат лекари
-

ДИК одлучува по приговорите
-

Македонската економија ќе бележи раст од 3%, и инфлација од 4% - прогнозира Виенскиот институт
-

СДСМ: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено да прифаќа мигранти
-

Преглед на вестите од светот
