Облачно и студено, локални врнежи од дожд, снег на планините и повисоките места
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, во пониските од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 4 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 километри на час).
- Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница