Објавени скандалозни снимки за Фатмир Дехари: Морале да му седнуваат во скут и да го бакнуваат, Ангелова: Ова е срам и навреда за сите жени
- Во медиумите излегоа аудио снимки од кои се слуша како Фатмир Дехари наместо да биде градоначалник и да ја користи општина Кичево за добробит на граѓаните, тој сексуално ги малтретира и се изживува врз вработените. Овие снимки се скандалозни, а односот на Дехари на нив понижувачки за секоја жена, истакна на прес-конференција Емилија Ангелова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова, вели таа, не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон сите жени во Македонија, без разлика дали се Албанки, Македонки, Турчинки, Влаинки или од која било друга заедница.
„Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик, за секое семејство што воспитува ќерки со почит, труд и достоинство. Ваквото однесување не е дел ниту од една култура, ниту од верата, ниту од традицијата. Тоа е срам и мора да биде осудено од сите: и Албанци и Македонци и секој чесен граѓанин на Кичево, односно на Македонија. Од аудио снимките се слуша како жените вработени во општина Кичево се принудувани да го бакнуваат градоначалникот Дехари, и со големо гадење да кажат дека му седнуваат в скут. Ова е скандал, и изживување врз цел еден колектив и сите жени. Зарем до тој степен е падната ДУИ, да за вакви луѓе води кампања за повторен мандат? Дали традицијата и почитта кон жената за ДУИ се небитни? Која е пораката до сите жени и до семејствата“, прашува Ангелова.
Дехари, како што оценува таа, малку од повеќе се има заиграно со политиката и со градоначалничката позиција, но тоа не значи дека ова треба да се премолчи и да се толерира.
„Кичево и кичевчани не заслужуваат ваков третман на албанките или генерално – ниту една жена не смее вака да биде третирана на работното место. Дехари мора да си поднесе неотповиклива оставка и да се повлече од политиката.“ - порача денеска Ангелова.
Ново на Сител
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите
-
Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп
-
Најмоќниот Македонец во Белград | Тома Фила | Неформално | Sitel Podcast 118
-
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор
-
Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија
-
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
-
Таксист полово нападнал патничка - компанијата го отпуштила од работа