Свет
24. February 2022 - 8:59

Објавени првите снимки од рускиот напад на Украина | ВИДЕО

Објавени се првите снимки од рускиот напад на Украина.

Првите видеа се појавија на Твитер а пред малку и Си-ен-ен објави фотографија од голема експлозија во Киев за која медиумот соопшти дека ја добил од кабинетот на претседателот на Украина.

Нападот почна околу 4 часот по средноевропско време. Во неколку града низ Украина се слуѓаат сирени за предупредување од воздушен напад.