Објавена новелата „Изгубеното момче“ од Томас Вулф
Новелата „Изгубеното момче“ од американскиот писател Томас Вулф, во превод од англиски јазик на Сибел Ајдинова деновиве ја објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје.
Како што наведува издавачот, станува збор за автобиографска проза во која Вулф ја раскажува приказната за своето семејство и за страдањата поради смртта на својот брат кој умира од тифус на 12 - годишна возраст. Приказната, се нагласува, е меланхолична, составена од четири дела, раскажана од четири лица, видена од четири агли, но со висока реторичка вештина и лирска стилска изведба.
- Вулф е познат по мешањето на оригинални, поетски, рапсодични и импресионистички стилови. И во ова кусо дело тој го покажува своето големо раскажувачко мајсторство, се посочува за авторот на делото.
Томас Клејтон Вулф (1900 – 1938) е познат американски писател од триесеттите години на 20. век. Автор е на четири романи и повеќе раскази, драмски дела и повести. Неговите романи се автобиографски или полуавтобиографски дела напишани со висока реторичка вештина и стилска изведба. Најпознати дела му се: „Погледни го својот дом, ангелу“, „За времето и реката“ и „Пајажина и карпа“.
По неговата смрт неговиот современик Вилијам Фокнер изјавил дека Вулф веројатно бил најталентираниот од неговата генерација, бидејќи со своето влијание ги надминал делата на Џек Керуак, Реј Бредбери и Филип Рот.
Ново на Сител
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење
-
Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога
-
Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни