Објавена колекција хитови на Влатко Илиевски
Две години по смртта на пејачот Влатко Илиевски, во негова чест објавена е компилација на неговите музички хитови под наслов „За љубов се пее до крај“.
Станува збор за колекција составена од најголемите хитови на Илиевски, кои ја одбележаа неговата десетгодишна соло кариера, како „Нека биде по твое“, „Најбогат на свет“, „Со други зборови“, „Среќа“, „И премногу добро“… Компилацијата ја збогатува и темата „Недостигаш“, која во чест на Илиевски ја испеаа неговите обожавателки Елена, Матеа, Викторија и Анастасија.
Оваа извонредна колекција, во спомен и сеќавање на Илиевски е некомерцијално издание во ограничен тираж.
– Oваа колекција на една мала-голема кариера, каква што беше таа на Влатко, е во тој правец. Мала поради времето и фактот дека имаше уште многу да каже и да покаже, а голема бидејќи, без оглед на поминатите години, неговите песни останаа да живеат. Десетте „дискографски“ години на Влатко, колку што траеше неговата соло-кариера, се една од најубавите и најтажни музички приказни создадени под ова парче небо, велат издавачите на компилацијата.
Ново на Сител
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
-
Локални избори
-
Неврологот Игор Кузмановски ќе плати казна од 500 евра бидејќи работел без лиценца
-
Со млаки радијатори почна грејната сезона во Скопје
-
Како ќе функционира „Везилка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уште три дена кампања, лидерите ја заоструваат реториката
-
Ѓорѓиевски најави повеќе мерки за подобрување на образовниот процес