Објавена книгата „Анабаса“ од Ксенофонт
Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје, ја објави книгата „Анабаса“ од Ксенофонт, во превод од старогрчки јазик и со белешки на Душан Боцески, а со предговор на Весна Томовска.
Ксенофонт (о. 430-355 г. ст.е.) е еден од тројцата најголеми хеленски историографи (покрај Херодот и Тукидид) автори кои ги одбележуваат почетоците на хеленската, и на европската вештина на пишување историја.
„Анабаса“ е едно од најубавите негови дела и неодминлив извор за изучувањето на античкиот период. Во него авторот го опишува походот на персискиот принц Кир против сопствениот брат Артаксеркс, за превласт за персискиот престол. Кир најмува десетилјадна хеленска војска. Во походот учествува и Ксенофонт. Тој ги опишува: собирањето на платеничката војска; маршот на војската; убиството на Кир и на некои војсководци, по што Ксенофонт ја презема командата на дел од војската; опасностите и патешествијата при враќањето на војската...
Една од најголемите вредности на ова дело се автентичните описи на настаните, географијата и етнографијата, односно описите на начинот на живеење на племињата и на местата на големиот простор на персиската империја.
Ново на Сител
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД