Објавен трејлерот за новиот хит на „Дизни“ - „Книга за џунглата“
На официјалната страница на компанијата „Волт Дизни“ на Фејсбук е објавен трејлер за новиот игран филм „Книга за џунглата“, работен според истоимената култната книга на Радјад Киплинг.
Во прашање е петта екранизација на омилената детска книга, каде Могли го игра младиот актер Нел Сети, кому ова му е прва улога во кариерата.
Змијата Каа ја толкува Скарлет Јохансон, на страшниот тигар Шер Кан гласот му го позајми Идрис Елба, добриот Балу е Бил Мареј, а Бен Кингсли е верната заштитничка на Могли, Багера.
Познати имиња се најдоа и во другите улоги, па така Кристофер Вокен го позајми гласот на кралот Луиџ, Лупита Њонго на Ракаш, Џанкарло Еспозито на Акели.
Култната приказна ќе ја има премиерата на 15 април, а најновиот трејлер во само два дена собра 140 илјади „лајкови“ и имаше повеќе од 78 илјади споделувања.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Села ја сака Алијанса но без Таравари - ВМРО ДПМНЕ убедена во победа на изборите
-
МВ: Граѓаните сметаат дека институциите ефикасно се справија со трагедијата во Кочани
-
Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански
-
Хуманитарна аукција за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Повредени од трагедијата во Кочани продолжија со рехабилитација во специјализирани странски центри
-
Фотоволтаиците стануваат главен соујзник на земјоделците, а кај нас тоа е табу тема
-
Дивите депонии се сериозна закана за здравјето на граѓаните