-->
-->
Објавен повик за идејно решение за марина во Охрид
-->

Министертвото за транспорт и врски денеска објави јавен повик за изработка на идејно решение за надградба на градското пристаниште и изградба на нова марина во општина Охрид.
Се предвидува идејното решение за марината да се изработи на локација пред Центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција во Охрид, од каналот Билјанини извори во правец кон Горица.
Повикот ќе трае до 29 јануари до кога може да се достави тендерската документација до Министерството за транспорт и врски.
Проектот со идејно решение треба да содржи изградба на понтонски мостови со можност на поврзување на марината и градското пристаниште. Исто така, во идејното решение треба да се обезбеди место за приврзување на минимум 300 пловни објекти (глисери, јахти, едрилици и чамци) и паркирање минимум 10 бродови.
Во марината потребно е да се обезбеди комплетна комунална и електрична инфраструктура, да се обезбеди со опрема за заштита и спасување на вода, како и противпожарни хидранти, да се постави комплетна пловидбена сигнализација, паркинг за возила и приколки од пловни објекти како и архитектурно решение за ресторан, сервис за пловила и продавница за наутичка опрема.
Тендерската документација може да се подигне од Министерството за транспорт и врски, а идејните решенија ќе можат да се доставуваат до 29 јануари следната година до Министертвото за транспорт и врски.
Јавниот повик е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки www.e-nabavki.gov.mk.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
