Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
Најавен со билборди, пречекан на црвен тепих. Посетата на албанскиот претседател Бајрам Бегај почна од општина Чаир каде се сретна со градоначалникот Изет Меџити.
Оттаму на прошетка во Старата скопска чаршија, па пред споменикот на Скендер – Бег каде положи свежо цвеќе и проследи настап на Ансамблот на Албански народни ора и песни.
-Очекувам да има почести вакви посети и да возвратиме. Сето тоа оди во прилог на зближување и продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Република Албанија. Такашто, честа ни се укажа што почна посетата од општина Чаир. Беше заинтересиран, разговаравме и за Коридорот 8, и за инвестициите во Чаир и за децентрализација, Рамковниот договор, духот на Рамковниот договор, рече Меџити.
Бегај и утре ќе биде во Старата скопска чаршија и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. Предвидено е да се сретне и со претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова по што ќе имаат и заедничка прес-конференција.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
