Објавен конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов
Објавен е конкурсот за 7.Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14 до 26 август во Охрид.
Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат, соопшти денеска Кабинетот на Претседателот.
На конкурсот, што е отворен до 17 јуни, може да учествуваат лица од Република Македонија и наши иселеници кои живеат во странство. Условите за конкурирање, предвидуваат апликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, да имаат висок просек (еднаков или поголем од 8,5) на додипломските студии, а работното искуство од една до пет години ќе се смета за предност. Апликацијата, што треба да се достави до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за одлично познавање на англиски јазик и две препораки.
Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство, а наставата се одвива на македонски и на англиски јазик.
Школата за млади лидери прв пат беше организирана во август 2010 година во Охрид. Во изминатите шест години на неа учествуваа околу 240 млади луѓе со различна академска и професионална определба. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, кадешто преку организација на семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво