Објавен јавен повик за финансирање проекти и активности од културата во Скопје
Градските власти денеска објавија Јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата за 2018 година, кои се од интерес на Скопје.
Право на учество имаат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.
Може да се поднесат предлог-проекти за следните области: изведбени, музички, визуелни уметности и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културното наследство, меѓународна соработка. Ќе се поддржат проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување.
Јавниот повик е објавен во дневните пишани медиуми „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае до 18 декември 2017 година. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.
И оваа година на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk е објавен и Јавен повик за доделување средства за финансирање и поддршка на програмите на јавните установи од областа на културата основани од Град Скопје. Сите осум установи од областа на културата ќе можат да поднесат апликации за предлог проекти.
Повикот ќе трае до 18 декември 2017 година.
Ново на Сител
-
Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик
-
Лишен од слобода крадец во тетовско
-
Во Неготинско физичка пресметка помеѓу татко и син
-
Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно
-
Денеска се празнува Св. великомаченик Мина
-
„Конзулката од Битола“- кукла робот во Градското шеталиште
-
Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва
-
Телото на исчезнатиот израелски рабин Зви Коган пронајдено во ОАЕ