Македонија
10. October 2015 - 8:44

Обилни врнежи низ цела Македонија, еве каде најмногу врне

Преку ноќта во Македонија облачноста се зголемуваше  почнувајки од југозападниот дел на Македонија па полека се прошири и кон северните подрачја на Западна Македонија. Врнежите започнаа помеѓу 03 и 04 часот но со слаб интензитет но после 05 часот се интензивараа и повеќе беа изазени во северозападниот дел на земјава или поточно на потргот помеѓу Тетово и Скопје.

08:30 ч.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 12 ЧАСА (во л/м2 ):

14 Пожаране

13 Тетово, Маврово

9 Гуриште

8 Скопје на Зајчев Рид, Лазарополе и Дебар

6 Ѓевгелија, Куманово и Крушево

5 Штип, Струмица и Виница

3 Кр.Паланка, Претор, Тополчани, Прилеп, Д. Капија и Дојран

2 Берово,

1 Охрид.

Во текот на деншниот ден и утре (недела) нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот, така што времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд.  На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, особено во западните и северните подрачја на земјава. Локално се очекува да наврнат околу 50 л/м2 воден талог.

Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, на места ќе достигнува брзина над 60км/час. Утре минималнататемпература во земјава ќе биде во интервалот од 8 до 14 а  Максималната ќе достигне само од 15 до 20 степени.