Обезбедени средства за исплата на надоместок за приватните специјализанти
Министерството за здравство соопшти дека со помош на Владата обезбедило буџетски средствата за исплата на приватните специјализанти запишани на конкурсот во јануари оваа година.
- Сите приватни специјализанти (92-ца кандидати) кои се стекнаа со правото да добијат месечен паричен надоместок на последниот конкурс за приватни специјализации не биле искалкулирани во буџетот на РМ донесен при крајот на 2017 година. Од тие причини стручните служби работеа подолго време од вообичаеното со цел да обезбедат буџетски средства за сите колеги-специјализанти да добиваат редовен месечен надоместок за нивниот труд и работа. Со тоа ја исполнивме нашата цел сите приватни специјализанти да бидат наградени за вложениот труд, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Средствата на специјализантите, се посочува, ќе бидат исплатени ретроактивно, односно од моментот кога Министерството се заложи и вети дека ќе ја започне исплатата, поточно од месец јуни 2018 година. Оперативно, исплатата ќе почне веднаш штом се завршат процедурите помеѓу ФЗОМ и Клиниките на кои специјализираат приватните специјализанти, односно во најбрз можен рок.
Воедно, се додава дека Клиниките редовно ги исплаќаат околу 200-те специјализанти кои во моментот се активно на специјализација, а биле запишани во минатите години.
Ново на Сител
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието