Обама го поздрави историскиот напредок, постигнат благодарение на дипломатијата

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави историскиот напредок, постигнат благодарение на дипломатијата ден по влегувањето во сила на договорот за иранската нуклеарна програма и укинувањето на санкциите.
- Договорот за нуклеарната програма стапи во сила, американски семејства се обединија. Ние постигнавме историски напредок, изјави Обама, додавајќи дека нуклеарниот договор сепак нема да ги намали големите разлики меѓу САД и Иран.
Обама денешниот ден го оцени како добар, бидејќи уште еднаш се гледа што може да се постигне преку силна американска дипломатија, алудирајќи на нуклеарниот договор со Иран и размената на затвореници од американски и ирански затвори.
- Овие нешта не потсетуваат што можеме да постигнеме, кога ги раководиме нештата со сила и мудрост, истакна тој.
Во однос на иранскиот нуклеарен договор, Обама нагласи, дека преку него е пресечен патот на Иранците да дојдат до нуклеарна бомба.
Американскиот претседател ги повика Иранците да воспостават нови врски со светот.
- Сега вие имате ретка можност да помогнете за светот да биде побезбеден за идните генерации, изјави Обама, обраќајќи се кон младите Иранци, пренесува ДПА.
Обама, сепак нагласи дека САД ќе продолжат со санкциите против иранската програма за балистички ракети.
Во однос на ослободувањето на американски затвореници од иранските затвори, Обама, се заблагодари на Швајцарија за улогата во преговорите и ја поздрави одлуката на Иран да ги ослободи.
Американскиот претседател призна дека тоа што САД не разговарале со Иран децении наназад не било од корист на американските интереси и не придонело за нивниот напредок, пренесува ТАСС.
Обама, сепак, го критикуваше Иран за дестабилизирачките дејствија и го посочи кршењето на човековите права, иранската програма за балистички ракети и иранските закани кон Израел.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски со мрежа ќе го брани Вардар од отпад и загадување - Комунална хигиена останува под Град Скопје
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Не се намалува бројот на сообраќајки во главниот град – Дневно Брзата помош интервенира на 3-4 несреќи
-

До крајот на годината работниците ќе добијат по 18.140 денари К-15, административците 12.372 денари
-

Државата времено ги суспендираше плаќањата од ИПАРД 3 додека трае истрагата за Стоилев
-

Видео снимки од „ПИ“ мерки на судењето за поткуп во Клиниката за геријатрија
-

Заврши 72-часовната генералка на Скопје
