Нуланд: Не бараме Србија да бира меѓу САД и Русија
САД не бараат Србија да бира меѓу нив и Русија, изјави синоќа во Белград американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд.
- Имаме разбирање дека Србија има долгогодишна соработка со Русија и нејзините врски со Русија се силни. Не гледам ништо противречно во тоа Србија да има добри односи и со Русија и со САД. изјави Нуланд на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вѕчиќ, одржана по нивната средба.
Како што јави ТАСС, Нуланд нагласи дека САД никогаш не ни помислиле да бараат од своите партнери и сојузници да избираат страна.
- За нас е важно да соработуваме со Русија и да работиме на подобрување на односите. Но, ние ќе продолжиме да бараме (од Русија) да ги исполни своите меѓународни обврски и се што е поврзано со владеењето на правото, додаде Нуланд.
Таа нагласи дека САД ги поддржуваат зачленувањето на Србија во ЕУ, како и дијалогот за нормализација на однсите меѓу Белград и Приштина.
Ново на Сител
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово
-
СДСМ не исклучува разговори и со Таравари за локални
-
Преглед на вестите од светот