Нухиу на промоцијата на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска присуствуваше на свечената промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност.
Како што соопшти МВР, Нухиу истакнал дека Министерството како институција е отворено за целосна и континуирана соработка со Факултетот за безбедност во име на заедничките цели што ги споделуваат двете институции - високи образовни и едукативни стандарди следствено на современите трендови во областа на безбедноста.
- Ниту едно општество не може да се надева на успех без следење и практично имплементирање на нови научно-истражувачки сознанија, без континуирана образовна наградба на луѓето кои ја сочинуваат институцијата и без реална кооперативност меѓу теоријата и практиката, што впрочем се потврдува низ практиките на современите и развиени општества. Особено што безбедноста претставува не само обемна, туку и прилично динамична сфера на работа. Се надевам дека многумина од вас ќе го најдат своето место во општеството, притоа давајќи го својот максимум како во име на сопствените амбиции и надежи, така и во име на потребата за брз и динамичен развој на нашата држава, истакнал министерот Нухиу.
Ново на Сител
-

Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите
-

Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Препладне магла по котлините, попладне сончево
-

Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост
-

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби
-

Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување
-

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп
