Македонија
27. December 2017 - 8:51

Новогодишни пакетчиња за деца сместени во институции од социјален карактер

Во Театарот за деца и младинци децата сместени во институции во надлежност на Министерството за труд и социјална политика ќе можат да ја проследат претставата „Зимска бајка”.

По завршување на преставата, на децата ќе им бидат доделени пакетчиња.

На настанот ќе присуствува и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.