Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
Македонскиот идентитет е црвената линија преку која владата нема да премине. Заменик министерката за европски прашањата вели дека иако изморени од ветувања и условувања, Европската унија останува врвен приоритет. Владата напорно работи на реализација на сонот за европска Македонија.
И амбасадорот на Австрија во земјава е задоволен од тоа како владата ја спроведува реформската агенда. Доказ за тоа според Памер е што Македонија прва доби пари од Планот за раст бидејќи доставила најдобри документи во споредба со земјите од регионот.
Амбасадорот е оптимист дека акцискиот план за човекови права кој Македонија месецов треба да го достави до Евроспката комисија ќе ги постави темелите за решение на спорот помеѓу Скопје и Софија.
-Деновиве владата ќе го достави планот за малцинствата, рамката за акциониот план за владеење на правото и човекови права, што ќе подготви терен за започнување суштински преговори по прашањето за бугарското малцинство и сè друго што ќе произлезе од тоа ќе биде решено, вели Мартин Памер, амбасадор на Австрија во Македонија.
И додека ЕУ чека Македонија и Бугарија да постигнат компромис за отстранување на бугарското вето, во случајот со Украина превзема конкретни мерки. Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас вчера од Лвов порача дека билатералните прашања не смеат да ја блокираат интегарција на Украина.
Без да открива детали, рече дека Унијата има подготвено и план Б и план Ц во случај Унгарија да не се откаже од ветото. Планот А е да успеат преговорите со унгарската влада и стартот на преговорите со Украина да добие поддршка од сите 27 земји членки.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар