Балкан
1. November 2018 - 21:53

Ново затегнување на односите меѓу Грција и Албанија: Тирана по протестот поради убиството на Гркот има радикално барање за Атина

Албанската влада ја повика грчката амбасадорка во таа држава, Елени Сурани поради серијата инциденти кои уследија по убиството на Гркот Константинос Кацифас во Албанија, пренесоа албанските медиуми.

Непосредно по инцидентот во селото Бралат, грчките националисти запалија неколку албански знамиња и фрлија молотови коктели на неколку објекти чии сопственици се Албанци.

Според пишувањето на медиумите, од грчката амбасадорка е побарано Атина да се дистанцира од тие инциденти, како и да гарантира живот и безбедност на Грците во Албанија.

Два дена претходно, грчките власти го повикаа албанскиот амбасадор во Атина за да дадат протест поради убиството на Константинос Кацифас. Албанските власти тврдат дкеа Кацифас пукал на полицијата по недоволно расветлен спор околу грчкото знаме на војничките гробишта во селото Бралат, при што погодил и едно полициско возило.

Кацифас албанските специјалци го опколиле, а потоа и го убиле во блиската шума, а локалнтие Грци тврдат дека момчето било подготвено да се предаде кога го убиле припадниците на единицата РЕНЕА. Албанската полиција објави и снимка на која се гледа како Кацифас трча и пука од калашников, но не може да се процени во кој правец пука.

Смртаа на Кацифас доведе до поголем број протести, претежно на приврзаниците на грчките крајнодесничарски политички групи, наведува американската агенција. Албанските медиуми наведоа дека Кацифас бил член на десничарката партија „Златна зора“.