Фудбал
3. February 2017 - 16:29

Ново „реми„ на Силекс на подготовките во Анталија

 
 
Фудбалерите на Силекс го одигра третото натпревар без победник во рамките од подготовките кои кратовскиот тим ги одработува во Анталија.
 
Овојпат против унгарскиот тим Балмазојварош со конечни 1:1. Унгарците поведоа со погодок од пенал преку Вари во 78. минута, но три минути подоцна со глава погодок постигна новото засилување на Силекс, Тодор Николовски, за конечни 1-1.

За Силекс ова е трето реми во Анталија, по нерешените исходи против Шиник и Динамо Тбилиси (0-0).

Ова за Силекс е трето реми на подготовките во Анталија, што ќе каже дека кратовци се подготвуваат тактички и за мечевите во домашниот шампионат.