Ново директорско место за партијата на Стоилковиќ
,,Партијата на вицепремиерот и министер за односи мегу заедниците, Иван Стоилковиќ, добива уште една клучна позиција во третиот ешалон на власта. Дејан Кошутиќ е новиот директор на Македонски железници-транспорт. Кошутиќ е поранешен заменик министер за транспорт и врски, што учествуваше во креирањето на законската регулатива за трансформација на железници.
На позицијата доаѓа како добар познавач на состојбите во железницата, како и со познавање на клучните проблеми со кои се соочува претпријатието.
Доделувањето на раководна позиција на вака стратешка институција, доволно говори за кадрите кои може да ги понуди Стоилковиќ. Неговите кадри имаат капацитет, односно потенцијал што ќе може успешно да одговори на предизвикот во водењето на институциите. Вицепремиерот нуди стручен кадар со конкретна, реална и остварлива цел која е во интерес на граѓаните, за нивен подобар животен стандард и просперитет на бизнис заедницата.
Кошутиќ има шанса да ја промени состојбата во Железница, со што ќе овозможи отворање на пазари за нови инвестиции, за нови соработки меѓу домашните, но и со меѓународните компании, помалку трошоци за транспорт, што е многу важно за стопанството, но и за економски напредок на земјата.
Како политичар, Иван Стоилковиќ има интегритет и етика во своето делување, тој нема ниту обврски, ниту релации со поединци или институции што би му ги врзувале рацете до степен да биде професионален.
Поинаку не може да делуваат ниту неговите кадри, освен да работат ефикасно, квалитетно и законски'' - велат од партијата на вицепремиерот Стоилковиќ.
Ново на Сител
-
Кос: Гаранција за македонските евроинтеграции е полноправното членство
-
Истражување на ИДУЕП: Младите се скептични дека Македонија ќе влезе во ЕУ
-
Предметот за пожарот во „Пулс“ вратен е во Кочани, од таму ќе биде испратен до Кривичниот суд во Скопје
-
Пожар во Кочани, изгореа 3 автобуси и комбе
-
Отворање две нови ленти за излез на граничниот премин „Богородица”
-
Два онколошки таблетарни лекови до крајот на месецот достапни во аптеките
-
Анализа на Фајненс тинк: Ребалансот предвидува раст на плати и пензии – ефектите може да се почувствуваат врз цените
-
МБА: Банките калкулираат колку да ги намалат провизиите, одлуката ќе биде индивидуална