Македонија
1. July 2025 - 16:31

Од следната учебна година свидетелства само во електронска форма

Се уште е неизвесно дали и од следната учебна година ќе бидат испечатени учебници по англиски јазик за основно. Резултати од повикот на МОН кој траеше од 23 март до 28 април се уште не се објавени. На ова реагираа неколку дистрибутери на британски издавачки куќи кои се сомневаат во начинот на кој е спроведен повикот на кој се бараат понуди за учебници по англиски, германски, француски, италијански и руски јазик. 

Изминатите три години не се правеше набавка, а учениците учеа од стари учебници или од интернет материјали. Министерката ги повика засегнатите дистрибутери да ги почекаат резултатите а потоа доколку има незадоволни да реагираат институционално. 

Од следната година Јаневска најави целосно дигитализирање на оценките со свидетелства во електронска форма. При упис во средно и на факултет, образовните установи ќе ги повлекуваат свидетелствата по електронски пат. Исклучок ќе бидат оние средношколци кои ќе го продолжат високото образование надвор од државата. И оваа година е-дневникот бил подготвен, руралните средини не биле доволно обезбедени со интернет и компјутери, предизвик со кој ќе се справуваат во следниот период.