Ново детско игралиште кај Зелено пазарче
Општина Центар го заокружи проектот за реконструкција и поставување нови детски игралишта на потегот околу Градски ѕид.
Во овој дел од Центар реконструирани се четири детски игралишта, а три се комплетно нови. Сега и децата од зградите на Градски ѕид околу Зелен пазар, имаат убаво и безбедно место за играње и забава.
Овој простор со површина од 8.000 м2 околу станбените блокови зад Зелен пазар, на потегот од булевар “11-ти Октомври“ до улица “Македонија“ има комплетно нов изглед.
Наместо исушената, засадена е нова трева, засадени се нови 2.300 садници, кои се наводнуваат со автоматски систем, приклучен на хидрантска парковска мрежа.
Паркот ја задржува убавината во текот на целата година, бидејќи го красат листопадни и зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривки.
На локацијата има и две зимзелени магнолии со преубави бели цветови, а во текот на овој месец, за поголема разиграност на просторот, ќе се засадат цветни леи со 3.000 петунии.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст