Македонија
4. August 2020 - 13:05

Новиот собраниски состав ја изгласа Верификационата комисија

По утврдувањето на дневниот ред на конститутивната седница, без расправа помина и првата точка.

Со 115 гласа ЗА беше формирана Верификационата комисија и нејзините членови. За претседател на комисијата е избрана Јагода Шахпаска од СДСМ. Веднаш по изгласувањето, претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери даде пауза од половина час, за да може Комисијата да се состане и да го разгледа извештајот од Државната изборна комисија и да предложи верификација на мандатите на новите пратеници.

По ова ќе следуваат уште три точки од дневниот ред. Верификација на мандатите на пратениците во Собранието, а трета и четврта точка се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието.

 

Горан Симоновски