Новиот градоначалник на Њујорк вели дека ќе стави крај на „културата на корупција“

Новоизбраниот градоначалник на американската метропола Њујорк – Зохран Мамдани, изјави дека ќе стави крај на „културата на корупција“ од која имаат корист милијардери како американскиот претседател Доналд Трамп.
Триесет и четиригодишниот кандидат на прогресивното крило на Демократската партија ја доби трката против поранешниот гувернер Ендру Куомо и претставникот на Републиканската партија на Трамп – Кертис Слива.
-Ќе ставам крај на „културата на корупција“ што им овозможи на милијардерите како Трамп да избегнуваат даноци и да користат даночни олеснувања, им рече Мамдани на своите поддржувачи.
„Њујорк, денеска гласавте за мандат за промени, мандат за нов вид политика, мандат што можеме да си го дозволиме, мандат за управување, точно она што го сакаме“, им се обрати новиот градоначалник на насобраните луѓе.
„Покажавте дека кога политиката ви зборува без компромис, можеме да започнеме нова ера на лидерство. Ќе се бориме за вас, затоа што „ние“ сте вие“, додаде Мамдани. „Благодарение на сите што толку многу жртвуваат, го дишеме воздухот на град што се преродува“, заклучи тој.
Ново на Сител
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
-

Поради неажурноста на факултетите над 2.000 студенти од почетокот на месецот останаа без парите за оброк
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Ако ЕУ го толерира булингот на Бугарија кон Македонија, ваквите блокади ќе станат пракса
