Новиот американски амбасадор му ги предаде акредитивните на Путин
Новиот американски амбасадор во Русија, Џон Хантсмен денеска ги предаде акредитивите на рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата во Кремљ.
Хантсмен, поранешен гувернер на Јута, кој за време на претседателската трка во САД, го повикуваше актуелниот шеф на Белата куќа да се откаже од номинацијата, минатата недела без никаков проблем беше потврден како нов амбасадор во Москва.
Тој пристигна во главниот град на Русија, како замена за Џон Тефт, кој тригодишниот мандат мораше да го напушти два дена пред истекот на мандатот, во време на сѐ подлабоко заострување на односите меѓу САД и Русија.
Новиот амбасадор на САД ја презема должноста во моменти кога Министерство за надворешни работи на Русија му нареди на Вашингтон, бројот на луѓе во Амбасадата и конзулатите во Русија, да ги намали за 755, или две третини од вкупниот број. Наредбата од Русија дојде откако Конгресот одобри нови санкции против Русија.
Ново на Сител
-
Тринаесет лица киднапирани и убиени во Перу, работеле за компанија за копање злато
-
Во Ниш ќе се одбележи Денот на македонскиот јазик
-
Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени пет лица
-
Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото
-
Истече дисквалификацијата на Синер
-
Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица кои имаат дијабет тип 1
-
Минатата недела казнети 114 возачи кои непрописно ги паркирале возилата во општина Центар
-
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?