Нови услови за влез во Бугарија од 1 септември
Од 1 септември, странските студенти кои имаат виза „Д“ за долгорочен престој за студиски цели, се примаат на територијата на Бугарија и од земјите што спаѓаат во црвената зона, соопшти бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров.
Бугарското Министерство за здравство потсетува дека учениците, студентите и докторантите кои живеат во Грција, Турција, Србија, Република Северна Македонија и Романија и секојдневно или најмалку еднаш неделно патуваат во Бугарија, како и ученици, студенти и докторанти кои живеат во Бугарија и патуваат секојдневно или барем еднаш неделно во Грција, Турција, Србија, Република Северна Македонија и Романија, се примаат во земјата без потреба да поднесуваат документи за Ковид-19.
Исто така, на 1 септември, Република Северна Македонија, Црна Гора, Република Косово, Република Казахстан, САД, Света Луција, Федерацијата Свети Кристофер и Невис и Ирска спаѓаат во црвената зона. Ова се прави согласно промена на листата на земји по зони со различни бои, според која се одредуваат правилата за влез во Бугарија.
Од истиот датум, Италија преминува од црвено во портокалово, а Германија, Естонија, Хрватска, Италија и Сан Марино од зелена во портокалова.
Од 1 септември, сертификатите за вакцинација, тестирање и прележан Ковид-19, издадени од Република Северна Македонија, Република Сан Марино, Швајцарија, Република Турција, Украина и државата Ватикан се сметаат за еквивалентни на дигиталниот Сертификат на ЕУ за Ковид-19.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ