Македонија
29. August 2019 - 12:51

Нови сознанија: Додека родителите биле на прославата на Богородица во Ново Лисиче децата се бореле за живот во автомобилот

Родителите на двете малолетни деца биле на прославата на Пресвета Богородица која ја организира токму населбата Ново Лисиче, дознава Сител.

Родителите биле побарани откако случајни минувачи ги забележале децата затворени во автомобилот и повикале полиција. 

И прославата била кратко прекината и на разгалас бил повикан сопственикот на црната Алфа и тогаш родителите веднаш пристигнале на местот и веднаш биле повикани на разговор во полиција.

Станува збор за Т.Т.(44) и М.Н.(35), кои своите две деца на возраст од 7 и 4 години ги оставиле на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки.

Според соопштението од Детска клиника, децата се во добра здравствена состојба и ќе бидат пуштени дома.

Од Клиниката за детски болести посочија дека во моментот на прием на преглед децата оддавале впечаток на запуштени (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани и свесни со уредни витални параметри.

 
Александар Динев