Нови рочишта за „Насилство во Општина Центар“, „Таргет-Тврдина“ и „ТНТ“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Насилство во Општина Центар“, „Таргет-Тврдина“ и „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во случајот „Насилство во Општина Центар“ за насилствата пред општинската зграда на 10 јуни 2013 година се обвинети повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието Даниела Рангелова и тогашниот советник во Општина Гази Баба, Александар Трајковски.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Душан Јосифов, а застапник на обвинението е Гаврил Бубевски.
Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари