Нови протести во Хонг Конг
Демонстрации се одржуваат и денеска во Хонг Конг, а еден од протестите е организиран, втор ден по ред, на аеродромот.
Повеќе од сто активисти ја окупираа салата за пристигнување на аеродромот, некои седеа на подот цртајќи протестни постери, додека учтиво ги поздравуваа пристигнатите патници. Некои од пораките на флаерите се „Ве молиме да ни простите за Неочекуваниот Хонг Конг“ и „Дојдовте во скршен, разурнат град, а не во оној што го замислувате. Сепак, ние се бориме за овој Хонг Конг“.
Во два одвоени протести утрово, мали групи постари граѓани на Хонг Конг се собраа покрај деловната област. Двата марша минаа мирно.
Во Хонгконг веќе два месеца се одржуваат масовни улични протести, првично против законот за екстрадиција, а потоа и против полициското насилство. Последните денови демонстрантите бараат поголеми демократски права.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата