Македонија
31. January 2025 - 19:53

Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“

Продолжуваат несогласувањата помеѓу лекари и директорката на Клиниката за деца “Козле”. Преку анонимно писмо до медиумите како што е наведено од лекарскиот колегиум бараат итно разрешување на д-р Каролина Симоновска зошто донела одлука за отказ од работа на д-р Веселинка Митровска Јосифовска , ОРЛ специјалист и бронхоскопист со долгогодишно искуство во установата зошто присуствувала во кабинетот додека се интервенирало на вадење страно тело од дишните патишта на дете. Директорката пак тврди дека таа ја попречувала работата на медицинскиот тим, а новото писмо било оркестриран политички напад врз неа и Клиниката.

- Со ништо и во ниеден момент не било загрозено детето, ниту пак присуството на лекар кој има 22 год искуство со оваа проблематика би можело на било кој начин да го загрози животот на детето. Напротив доколку би дошло до компликации, лекарите кои се присутни а имаат долгогодишно искуство би можеле да интервенираат веднаш. Но парадоксот е дека според директорката како што пишува во отказното решение е дека нејзиното присуство го довела во опасност животот на пациентот , пишува во анонимното писмо од лекари од “Козле”.

- Jавноста треба да знае дека секое лекарско однесување надвор од лекарската етика, а особено при извршување на оперативен зафат на малолетно лице, мора да се санкционира како не би настанале полоши последици за кои потоа доцна би било каква реакција. Дрското однесување и попречување на работата е недозволено и мора да биде санкционирано без оглед за кого се работи. Цел стручен колегиум стои на таа одлука. Клиниката работи по закон и спроведува законски прописи, стои во демантот од директорката на Клиниката респираторни заболувања кај децата “Козле” Скопје.

Додека Таравари даваше изјави за медиумите, во министерството се појави сопругот на докторката која доби отказ.

- Има Комисија каде и она треба да даде изјава, ни изјава нем а дадено, ни ништо, вели сопругот на д-р Веселинка Митровска Јосифовска.

- Мене синоќа ми беше дадено, ќе видиме ќе одлучиме, одговори Арбен Таравари, министер за здравство.

- Има криминал, кривични работи, министер, на 23 ти беше на работа и истиот ден доби отказ, од 24 ти е на боледување. Доби отказ, остана без работа, рече сопругот на отпуштената докторка.

- Нема да остане без работа ако работела правилно. Ќе видиме ќе одлучиме, рече Таравари.

Што ќе преземе за случувањата во “Козле”Таравари најави дека ќе одлучи деновиве.