Македонија
25. November 2017 - 8:49

Нови детали: Престрелка во Чаир однесе во смрт едно лице, напаѓачот во бегство

Крвава ноќ во скопската населба Чаир, едно лице убиено. Во престрелката на улица „Лазо Трповски“  загина лицето Исмет Арифи додека Ќемал Лусјани со прострелна рана е префрлен во градската болница.

Засега она што се шпекулира во јавноста е дека напаѓачот е во бегство а убиениот имал криминално досие.

Мотивот за убиството не е познат.

Неофицијално дел од медиумите пишуваат дека престрелката се случила меѓу две групи, а причината најверојатно се нерасчистени сметки поврзани со трговија на дрога.

Официјални информации за случајот се очекуваат од МВР во текот на денов.