Новата германска влада силно ја поддржува ЕУ перспективата на Западен Балкан
Новата германска влада силно ја поддржува европската перспектива на државите од Западен Балкан сметајќи дека политиката на проширување на ЕУ е важна за да се поттикне мирот, стабилноста и соработката.
Тоа се наведува во нацртот на коалициониот договор меѓу ЦДУ/ ЦСУ и СПД, објави весникот „Велт“, истакнувајќи дека се уште не е конечен текстот на документот и дека деталите се уште се утврдуваат.
- Политиката на проширување на ЕУ останува важна за да се поттикне мирот, стабилноста и соработката. Истовремено, ЕУ мора преку внатрешни реформи да ја осигура својата способност за дејствување. Ние го поддржуваме приближувањето кон ЕУ, а посебно внимание посветуваме на развојот на демократијата и правната држава, се наведува во текстот на договорот.
Во текстот се истакнува дека претпоставка за напредок во приближувањето е државите од регионот да ги исполнат предвидените критериуми.
Ново на Сител
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои
-
Шукова: Се гледаме во вториот круг
-
Ѓорѓиевски: Да ја завршиме работата уште во првиот круг
-
Започна имунизацијата против сезонски грип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево