Нова улица во економската зона Марино-Кадино
Општина Илинден, во рамките на реализацијата на проектот за подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони, ја изгради новопроектираната улица „6“ во локалната економска зона Марино-Кадино.
Станува збор за улица во должина од 400 и широчина од 7 метри, во чија изградба се инвестирани 4 милиони денари.
Од општината посочуваат дека новата економска улица е од големо значење за локалниот економски развој, со оглед на тоа што ги поврзува стопанските објекти во оваа економска зона со локалниот пат Марино-Кадино, а ќе биде од големо значење и за другите стопански капацитети што интензивно се градат или, почнуваат да се градат во оваа економска зона.
- Преку интензивни вложувања во патната, комуналната и енергетската инфраструктура во стопанските комплекси и во 9-те локални економски зони општина Илинден обезбедува поволни услови за влез на нови домашни и странски инвеститори, поддршка на постојните инвеститори, а со тоа и можности за отворање на нови работни места, велат од општината и додаваат дека инвестирањето во инфраструктурата и натаму останува еден од нивните приоритети.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја
-
Од домашно производство е 91.5 % од потрошената струја во април
-
Муцунски: Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО
-
До петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер над 60 километри на час
-
Мицкоски: Најголемиот парк на ветерници во регионот ќе отвори 630 работни места
-
Пронајдени 10 артилериски гранати во старата касарна во Битола
-
Разрешена Бесија Иљази, економската директорка на Клиниката за Токсикологија
-
Се урна рингишпил во Добој, четири деца повредени