Нова студија: Маските блокираат 99,9 проценти од големите капки што го носат вирусот
Маските за лице за 99,9 проценти го намалуваат ризикот од ширење на големи капки поврзани со опасноста од ширење на коронавирусот кога лицето зборува или кашла, покажа истражувањето објавено во магазинот „Royal Society Open Science“.
„Несомнено е дека маските за лице можат значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат вирусот“, изјави за „Франс Прес“ водечкиот автор на студијата Игнацио Марија Виола од Универзитетот во Единбург.
Лице во исправена положба на два метра од друго лице кое кашла без маска, е изложено 10.000 пати повеќе на ширење на капките што потенцијално го носат вирусот.
Авторите на студијата велат дека капките кои се исфрлаат како проектил кога зборуваме или кашламе, а потоа паѓаат на земја поради гравитацијата, се главниот двигател на преносот на вирусот Сарс-КоВ-2.
Помалите капки можат да останат во воздух подолго време и да претставуваат ризик, особено во затворени и лошо проветрени места и кога луѓето не носат маски или ги носат погрешно, под носот.
„Ние постојано издишуваме цела низа капки, со големина од микро до милиметар, а некои паѓаат на земјата побрзо од другите, во зависност од температурата, влажноста и особено протокот на воздух“, додава научникот.
Студијата се концентрирала на честички со дијаметар повеќе од 170 микрони, околу два до четири пати поголеми од човечката коса.
Аеросолните честички се помали од 20 до 30 микрони. Вирусот Сарс-КоВ-2 што предизвикува Ковид-19 има дијаметар од околу 0,1 микрони.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
