Нова средба Камерон-Туск во Лондон
Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск одново ќе се сретнат во Лондон, за да ги утврдат и проценат реакциите на нацрт-договорот за реформите во ЕУ, кој тие двајцата го усогласија.
Новата средба на Камерон и Туск е првата можност да го разгледаат она што го постигнаа низ преговорите, а на претседателот на Европскиот совет таа ќе му помигне да види што Камерон и Велика Британија ќе преземат во следните две недели.
Нивната средба доаѓа по острата реакција на британските евроскептици од редовите на владечаката Конзервативна партија, кои се незадоволни од договореното и бараат од Камерон да изнуди нови отстапки од Брисел.
Најостриот напад во вчерашната двочасовна дебата во Долниот дом на британскиот Парламент дојде од доскорешниот политички сојузник на Камерон, градоначалникот на Лондон во заминување, Борис Џонсон, кој го нападна премиерот дека го обзбедил „најдоброто во една лоша работа“, оценувајќи дека договорот треба да се доработува.
Камерон го бранеше нацрт-договорот тврдејќи дека со него е остварен „вистински напредок“ во барањата што Владата во Лондон ги достави до ЕУ и Брисел.
Францускиот претседател Франсоа Оланд го поздрави договорот, изразувајќи задоволство што е најден компромис.
- На крајот е најден компромис за работите кои изгледаа дека се тешко решливи, но до Самитот на ЕУ на 18 и 19 февруари, не смее да има нови преговори или дополнително разубавување на текстот на договорот, рече францускиот претседател Оланд.
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково