Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН
Почна со работа новата надградена верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“ која од минатата година е универзален снабдувач за електрична енергија. Со подобрувањата, како што соопшти ЕВН, ќе се пресретнат барањата на корисниците, особено со дигитализацијата на нови опции кои досега не беа достапни онлајн.
Досега, ЕВН Онлајн на корисниците им нудеше три одделни услуги: електронска пријава за е-фактура (Формулар за е-фактура), брзо плаќање на фактурите без регистрација на кориснички профил (Плати брзо) и проверка на долгови и плаќање на фактурите со регистрација на кориснички профил (досега Е-пункт).
-Главната промена се состои во целосната преработка на сервисот за регистрирани корисници – „Е-пункт“ што сега е преименуван во „Мој ЕВН Хоме“. „Мој ЕВН Хоме“, како интегриран дел од ЕВН Онлајн претставува унапреден кориснички портал за услуги поврзани со плаќањето на фактурите за електрична енергија со респонзивен дизајн. Така, посетителите имаат беспрекорно корисничко искуство без разлика од каков уред пристапуваат, објаснуваат од компанијата.
Отсега, „Мој ЕВН Хоме“ покрај плаќањето фактурите без провизија, нуди и плаќање на повеќе фактури одеднаш, регистрирање повеќе места на потрошувачка на еден кориснички профил, регистрирање на едно место на потрошувачка во повеќе профили, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци и увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил.
Според ЕВН, корисниците на досегашната услуга „Е-пункт“ ќе може да го користат „Мој ЕВН Хоме“ со истото корисничко име (електронската пошта) и лозинка, со што при првото логирање системот ќе им побара промена на лозинката.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност