Нова, најсовремна опрема за Торакалната хирургија
Нов, најсовремен апарат, вреден 110.000 евра, кој ќе ги минимизира инвазивните интервенции на белите дробови, доби Клиниката за торакална хирургија.
Како што рече денеска министерот за здравство Никола Тодоров по посетата на Клиниката, апаратот ќе го замени постоечкиот, стар 20 години, и ќе овозможи правење мали резови, како и брзо заздравување на пациентите.
За почеток, нагласи Тодоров, со апаратот ќе работат двајца хирурзи, а предвидени се по три зафати неделно. Но, оваа бројка постепено ќе се зголемува.
- Со набавката на неколку апарати во континуитет, Торакалната клиника достигна сериозно повисоко ниво на квалитет. Имаме одличен, добро едуциран и мотивиран кадар, а буџетот е во пораст и овозможува нормално функционирање на оваа здравствена установа, изјави Тодоров.
Според директорот на Клиниката д-р Зоран Спировски, новиот апарат ќе третира главно бенигни тумори на белите дробови, ехинококови цисти, пнеумоторкас предизвикан од прскање на белиот дроб, гнојни воспаленија,..., а ќе се користи и за малигни заболувања откриени во порана фаза.
- Се работи за последен збор на медицинската техника, за минимум инвазивна хирургија на градниот кош. Апаратот е со извонредна оптика, а бенефитот е што со помали интервенции ќе се прават сите процедури што досега се правеа со отворање на градниот кош. Тоа ќе го намали бројот на денови на лежење во болница, потрошувачката на антибиотици и на други материјали, истакна Спировски.
Директорот очекува, за кратко време, се она што е вложено во апаратот, да се надомести. Како што нагласи, сите лекари од Торакална хирургија ќе имаат можност да работат со новиот апарат, откако претходно ќе се обучат.
Ново на Сител
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија